Укинати забраните за сообраќај, магла на повеќе патни правци
20.02.18 08:16
Сите забрани за сообраќај на тешки товарни возила се укинати. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот превој Стража. Во Гостивар има врнежи од дожд и снег. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево и до 100 метри во Крушево, информира АМСМ.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Обилните врнежи од дожд ги зголемија водотеците реките во Охридскиот регион Жителите на Вапила на социјалните мрежи споделија видео со кое предупредуваат на опсност од минување преку локалниот мост...
На 09012026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад, лишени се од слобода...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.