Во периодот од 4ти до 8-ми декември непознат сторител од црквата Св. Петка на  магистралниот пат Охрид-Кичево после с.Климештани, извршил тешка кражба и одзел еден агрегат непозната марка, две пакетчиња кафе и два литри масло.

Сторителот кражбата ја извршил, откако претходно со погоден алат насилно ја отворил влезната врата низ која влегол внатре. Извршен е увид, се превземаат мери за пронаоѓање на сторителот, соопшти МВР.

OhridNews