СВР Охрид поднесе кривична пријава против шест лица, меѓу кои и еден малолетник, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“и едно кривично дело „кражба“.
Во периодот од септември 2015 година до февруари 2016 година, пријавените со употреба на физичка сила и подесен предмет извршиле тешки кражби во пет фабрики, од кои три на подрачјето на Ново Село-Дебарца и во две кои се наоѓаат во општина Охрид.
Кривичното дело- кражба го извршиле од градилиште на автопатот Охрид-Кичево, при што одзеле метални шипки, 500 килограми бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори стекнувајќи се со противправна имотна корист од 369.000 денари.
OhridNews













