Засега непознат сторител, според кажување на член на црковниот одбор, извршил тешка кражба и против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари од црквата „Св. Климент Охридски“ во село Климештани.

– Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми  февруари до втори март оваа година. Кражбата е извршена откако претходно насилно и со подесен алат биле скршени двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија. Сторителот, потоа се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории. Седумте икони и сребрениот крст ги одзел од главната црковна просторија, а парите од просторијата за продажба на свеќи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

За извршената тешка кражба, СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и достави информација до Заводот и музеј на град Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.

OhridNews