Од новиот „Парк на пријателство“ кој се наоѓа на пешачката патека до Горица,  украдени се три садници од видот јапонска цреша, информираат од јавното претпријатие Охридски комуналец, чии екипи го извршија хортикултурното уредување на паркот.

– Засадените дрвја беа од специфичен и редок примерок на јапонски цреши и лесно можат да се препознаат. Се надеваме дека надлежните органи ќе го расветлат случајов, потенцираат од јавното претпријатие.

OhridNews