Утрово, околу 4 часот, во струшкото село Радожда, по активирањето на аларм било забележано дека вратата на црквата „Свети Никола“ е разбиена и дека недостасуваат  три икони кои датираат од 19 век.

Присутните во потрага по сторителите ги следеле забележаните траги кои од црквата воделе кон напуштена куќа на оддалеченост од стотина метри од црквата.

Следејќи ги трагите, мештаните биле забележани од страна на три лица кои се дале во бегство, упатувајќи се во правец кон границата со Република Албанија. Откако влегле во куќата, мештаните ги пронашле трите украдени икони.

Увидот oд страна на надлежните екипи е во тек.

OhridNews