На 11-ти октомври во 20.36 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека истиот ден во периодот од 18.00 до 20.00 часот од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во куќа сопственост на 61-годишно лице, што се наоѓа на улицата „Маршал Тито“.
Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре и одзел 3000 евра, 12.000 денари и разновиден златен накит, по што го напуштил местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
OhridNews












