Уште една црква на мета на крадците. Како што информираат од МВР, вчера, во Полициската станица во Струга било пријавено дека во периодот од 10- ти до 18- ти септември, непознат сторител откако насилно ја отворил главната метална врата од црквата „Св.Богородица“ во струшкото село Дренок, влегол внатре и одзел околу 2.000 денари и еден позлатен крст.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
OhridNews