Вчера, во Струга на улицата „Војдан Чернодрински“ во куќата на 80- годишно лице, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба од каде одзел пиштол, кој сопственикот на куќата го поседувал со дозвола, сребрен накит, четири часовници и алкохолни пијалоци со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
OhridNews