Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти шест тешки кражби и едно разбојништво, случени кон крајот на минатата и почеток на оваа година на поширокото тетовско подрачје.

Осомничени се лица од Тетово и тетовско кои поголемиот број кражби ги извршиле во угостителски објекти и магацин за сточарски производи, во кои насилно влегувале, одземале телевизори, музички инструменти, сирење и друго, а потоа украдените предмети им ги продавале на заинтересирани лица во Охрид, Тетово и Гостивар.

Најголемиот број од одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици, додека против инволвираните во тешките кражби и разбојништвото ќе следуваат соодветни пријави.

OhridNews