Вчера, во СВР- Охрид од страна на 44- годишна охриѓанка била пријавена  кражба на предмети во вкупна вредност од 300.000 денари од нејзината куќа лоцирана на улицата Богомилска. Меѓу одземените работи имало златен накит и 2000 евра.

Кражбата била извршена во текот на вчерашниот ден, во времето од 09,00 до 12,30 часот, при што сторителот со употреба на физичка сила насилно ја отворил балконската врата од приземјето, влегол во куќата и од спалната соба ги одзел предметите, по што го напуштил местото.

СВР-Охрид превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews