Во изминативе денови, зелените површини во централното градско јадро, како и новите садници во бетонската жардињера на ул .„Железничка“ се деградирани од страна на несовесни поединци.
Од ЈП „Охирдски Комуналец“ информираат дека украдени се околу 60 садници од различни видови меѓу кои палми, зеленики, украсни грмушки и цветни садници.
„Настрада и новоуреденото катче пред поранешното „ПТТ“ одморалиште, кое беше уредено во рамките на проектот на локалната самоуправа за формирање на нови 40 цветни катчиња.“ – велат од претпријатието.
Оттаму потенцираат дека за разрешување на проблемот ќе се побара асистенција од Министерството за внатрешни работи, со оглед на тоа што садниците се од сопствено производство со препознатлива и карактеристична вегетација и колорит.
OhridNews