Непознати сторители украле седум месингани канделабри од паркот на градскиот кеј.


Кражбата која вешто било изведена најверојатно се случила вчера вечер, информираат надлежните, кои синоќа забележале дека дел од паркот не е осветлен. При контролата било утврдено дека недостигаат пет канделабри кои биле целосно демонтирани.


Кражбата се случила кога светилките биле под напон, што укажува дека разбојниците биле добро подготвени. Една канделабра тежи околу 300 килограми, а крадците успеале незабележано да однесат од центарот на Охрид 7 месингани конструкции. Се претпоставува дека канделабрите од месинг биле цел на кражба заради материјалот од кој се направени.

Случајот е пријавен во полицијата, која работи на откривање на сторителите.

OhridNews