Русите и Украинците денеска разменија затвореници, соопштија украински и руски претставници.
Во замена за десет заробени окупатори, вративме десет наши војници, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, наведувајќи дека ова е прва вистинска размена на воени заробеници со Русија од почетокот на руската офанзива врз Украина.

Ја потврдувам информацијата за размена на десет руски војници приведени на украинска територија за 10 украински војници. Имаше и размена на руски цивилни морнари за украински цивилни морнари, изјави руската претставничка за човекови права во Кремљ, Татјана Москалкова.
OhridNews











