Источно-европската земја Украина следната година треба да биде домаќин на Евробаскетот, но по новонастаната ситуација во државата која е на работ од војна лесно може да се случи да ја изгуби организацијата.


– Будно ја следиме ситуацијата и неколку пати разговаравме со челниците на украинската федерација за Евробаскетот. Повеќе работи ќе се знаат на 22 март кога ќе се донесе одлука за тоа дали Украина ќе биде домаќини или не – стои во соопштението од ФИБА.

Лошата ситуација за спортистите во Украина и општо во државата ја сподели и фудбалскиот репрезентативец Бобан Грнчаров, кој спасуваше жива глава со фамилијата.

Македонската кошаркарска репрезентација во квалификациската група се наоѓа со Данска, Белгија и Белорусија.

Мх.П.