Членот на Градското собрание во Мариупол, Петро Андриушченко на Телеграм објави видео од руски напад врз челичарницата Азовстал на кое наводно се гледа дека се употребени фосфорни бомби.
Видеоснимката не е потврдена од независни извори.

Андриушченко напиша „Пеколот дојде на Земјата. Во Азовстал“.
Фосфорните бомби се палат при контакт со кислород и предизвикуваат огромна штета. Нивната употреба во населени места е забранета со меѓународното право.
OhridNews











