Украинската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор откако живата легенда Андреј Шевченко ја прифати понудата од националната федерација.
Селекторската функција во Украина ќе биде прво искуство како тренер на Шевченко кој има полни 39 години.
Официјални деби популарниот „Шева“ на селекторскта позицијаќе има против Исланд на 5 септември во рамките од квалификациите за Мундијалот во Русија.
Шевченко, и до сега беше дел од стручниот штаб на украинската селекција, но делуваше како асистент на селекторот Михајло Фоменко.
Фоменко беше разрешен од функцијата по очајниот настап на Украина на Европското првенство каде селекцијата не успеа да постигне ниту еден погодок.
OhridNews