Олександра Кувшинова, украинска новинарка на Фокс њуз, загина во истиот инцидент во кој животот го загуби снимателот телевизијата Пјер Закржевски, објави американската телевизиска мрежа.

Таа беше неверојатно талентирана и помина неколку недели работејќи директно со целиот наш тим таму… за да му покаже на светот што се случува во нејзината татковина, објави Фокс њуз.
Во соопштението се наведува дека Закржевски бил во тимот со новинарот на Фокс њуз Бенџамин Хол во моментот на инцидентот кога биле нападнати во близина на украинската престолнина Киев.
Новинарот Хол е повреден и ќе остане во болница, се додава во соопштението.
OhridNews
					



							






