Бизнизмените од Украина се заинтересирани за изградба на луксузни хотели за што ќе ги разгледаат можностите за инвестирање во Скопје и Охрид, пренесува „Утрински весник“.

Како што објави овој медиум, украинските бизнисмени сакаат да го прошират својот бизнис преку Македонија, интерес пројавиле за инвестирање во земјоделството, хотелиерството и експлоатацијата на минералните суровини.

Бенефициите во Индустриско-технолошките развојни зони се посебно прифатливи за нив, но заинтересирани се и за други сектори вклучително и за земјоделството особено за откуп на дистрибутивните центри од каде од домашните земјоделци би откупувале земјоделски производи кои би ги извезувале не само во Украина и Русија, туку и во други делови во Европа.“ – изјавил министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски по вчерашната средба со украинската бизнис делегација.

Инаку, украинската бизнис делегација од вчера престојува во Македонија со цел да ги разгледа можностите што ги нуди државата за водење бизнис.

OhridNews