Украинските сили денеска го одбија рускиот напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, каде изутрината избувнаа улични борби.
Харков е целосно под наша контрола, објави неговиот гувернер Олег Синогубов. Тој додаде дека „градот се чисти од непријателите“.

Нашата армија, полиција и територијална одбрана продолжуваат да ги откриваат и неутрализираат диверзантите, напиша тој на социјалните мрежи.
Русија во меѓувреме станува се поизолирана. Голем број европски земји веќе затворија или најавија дека наскоро ќе го затворат воздушниот простор за руските комерцијални летови.
OhridNews











