Американецот Фернандо Агилера се обидел со трампа да дојде до пиво, наместо пари на продавачот му понудил крокодил. Оваа помалку надреалистична сцена се случила минатата седмица во една мала продавница во Мајами во која Агилера влегол да купи паковање од шест лименки пиво во замена за 1,2 метри долгиот влекач.

Според пишувањето на Дејли Меил, продавачот категорично ја одбил размената и веднаш повикал полиција која го уапсила 64-годишниот човек. Со истрагата било утврдено дека крокодилот бил украден од една од локалните зоолошки градини. Агилера бил обвинет за кражва, нелегално чување и обид за продажба на диви животни, и сега му се заканува затворска казна од шест месеци. Крокодилот бил пуштен на слобода.