Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 50-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба“.
Пријавениот делата ги извршил на 1-ви септември, кога најпрво користејќи подесен алат, насилно го отворил патничкиот автомобил марка „Фиат Пунто“ со струшки регистарски ознаки паркиран на улицата „Ристо Крле“ и го користел за свои потреби.
Во периодот од 23 до 7 часот, лицето извршило и тешка кражба во продавница во Струга. Влегол насилно во продавницата и одзел 50 штеки цигари и 7.000 денари. Со извршувањето на двете дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 130.000 денари.
OhridNews












