Членови на Нуркачкиот центар Амфора во соработка со здружението за Ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода. На овој начин повеќе од две децении охридските нуркачи симболично ги одбележуваат новогодишните и божиќните празници.

Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден. Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна. Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро! – порачаа подводните „дедо-мразовци“.

OhridNews