На шестата државна изложба на украсни птици, што се одржа викендов во Тетово во организација на друштвото „Дијамантски петел“, извонреден успех постигнаа охридските одгледувачи на украсни птици Тане Србиноски и неговиот син Стојче.
Помладиот Танески освои медал за неговиот „бел поштар“ и е прогласен за најдобар млад учесник на изложбата, додека неговиот татко Тане е награден со пехар во специјалната класа македонски автохтони видови птици – Македонска м’срка.
Изложбата во Тетово, според учесниците, била најдобра одржана до сега во Македонија.