Уличната тепачка на двајца фудбалери заврши со фатални последици за Факундо Еспиндола кој го загуби животот. Имено, Факундо се скарал со Нахуел Овиедо во ноќен клуб, а расправија надвор прераснала во тепачка.  Овиедо со нож го прободил неколку пати Факундо, кој пред многуте сведоци искрварил до смрт.

Иако, Овиедо избегал од лице местото полицијата подоцна го привела и го обвинала за убиство. 28-годишниот фудбалер и порано имал вакви испади, но не со вакви размери и последици.

OhridNews