Една од улиците во португалскиот град Сетубал ќе се вика по менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Именувањето на улицата е благодарница од градските власти за најдобриот репрезент на градот во светски рамки.

– Сетубал е едино место во кое се осеќам дома. Луѓето спрема мене овде се топли и тоа ме радува. Многу сум изненаден од овој гест и ќе гледам што почесто да доаѓам во мојот роден крај. Овде се уште сум Зе Марио и не ги интересира дека мене ме викаат „специјалниот“. – изјави Мурињо.

Иницијативата за именување на улица според фудбалскиот стручњак започнала 2013 година, а реализирана е годинава на радост од сите граѓани во Сетубал.

OhridNews