Реконструкцијата на улицата „Пере Тошев“, што траеше подолг период, конечно финишира со поставување на нов асфалт. Улицата деновиве ја посети градоначалникот Петрески кој се информираше за текот на работите.

Асфалтирањето на улицата „Пере Тошев“ е во рамки на годишната програма за реконструкција на градските улици на општина Охрид.