Градежните активности за реконструкција на улицата „Сирма Војвода“ течат непречено. Деновиве екипи на ЈП „Градски гробишта“ работат на поставување и изградба на тротоарските површини од едната страна на улицата, а се спроведуваат и активностите за нејзино тампонирање.
-Се очекува во текот на оваа работна недела ГП „Сењак“ од Кичево да пристапи кон асфалтирање на улицата во должина од 250 метри и ширина од шест метри. Со асфалтирањето на овој крак од оваа улица за прв пат се решава неколкудецениски горлив проблем на граѓаните што живеат и транзитираат на овој потег, информираат од општина Охрид.
По завршувањето на градежните активности за асфалтирање, Секторот за комунални дејности по однапред утврдени налог и план за работа ќе пристапи кон поставување на ново и модерно улично осветлување на овој дел од територијата на општина Охрид.
OhridNews