Имено, одговорот од Фондот за комунален развој и патишта, даден на почетокот од месец февруари, беше дека кога времето е ладно, ниту една асфалтна станица не работи и дека ниските температури влијаат врз квалитетот на асфалтот. – Се надеваме дека по 15- ти февруари температурите ќе бидат повисоки, па така ќе може да го набавиме потребниот материјал од асфалтната станица во близина на Струга, стоеше во тогаш даденото ветување од Локалната самоуправа. И покрај тоа што температурите се зголемија и времето е потопло, тоа не се случи.
Граѓаните веќе неколку месеци се жалат дека на улиците на кои живеат, поради извршувањето на градежните работи, се принудени да одат по калливи улици. Таков е случајот со улицата во близина на основното музичко училиште, како и на дел од Јане Сандански.
Од Фондот за комунален развој и патишта, беше потенцирано дека тие ќе ги вратат во првобитна состојба оние улици на кои било интервенирано од страна на ЈП Нискоградба, а за кои бил постигнат меѓусебен договор, затоа што станува збор за поголема површина. Во останатите случаи, објаснуваа од таму, кога интервенира и извршува градежни зафати, ваквата обврска останува на јавното претпријатие.