Поразот од Барселона и инфериорноста во дербито ја прели чашата кај Кристијано Роналдо кој до првиот човек на клубот постави ултиматум да одбира помеѓу него и тренерот на Рафа Бенитез.


Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пренесува дека веднаш после мечот Роналдо се сретнал со Флорентино Перез и му го поставил ултиматумот.

Рафа Бенитез кој беше исвиркуван после дербито со Барселона на пресконференција не делуваше загрижено за својата иднина и побара одговорност од сите играчи.

Меѓу редови и Лука Модриќ го нападна Бенитез кој изјави дека „кралевите“ одиграле многу лошо пред се тактички на план.

Реал Мадрид после двата порази во серија заостана шест бодови зад лидерот на табелата, Барселона.

Мх.П.