Луис Енрике, тренерот на Барселона, според пишувањата на шпанските медиуми, добил ултиматум од раководството на клубот по серијата на лоши резултати, дека може да замине доколку Барселона на наредните две средби со Елче и Атлетико Мадрид не ја забележи победи и не ја подобри играта.


Претходно, по поразот од Реал Сосиедад, клубот му врачи отказ на спортскиот директор Андони Зубизарета, а со него си замина и неговиот асистент Карлос Пујол. Токму кај овие двајца Енрике ја имаше најголемата поддршка.

Исто така, според медиумите, Луис Енрике ќе мора да го поправо својот однос со првата ѕвезда во тимот Лионел Меси.

Барселона во моментов се наоѓа на второто место во Примера со бод помалку и натпревар повеќе од лидерот Реал.

 

„Макфакс“