Јубилејната 30-та Интернационална ликовна колонија „Дебрца“ ќе биде свечено отворена утре во просториите на Основното училиште во село Белчишта.

Во рамки на свеченото отворање ќе има изложба на голем број галериски дела, ќе се читаат стихови поезија и ќе се организира промоција на монографија. Според најавите на организаторите, на свеченото отворање ќе присуствуваат Министерот за Финансии Зоран Ставрески и Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Уметничката колонија во Дебарца своите почетоци ги бележи во далечната 1985 година и со текот на времето прераснува во интернационалнa колонија. До 2014 година, оваа колонија има создадено преку 600 уметнички дела и организирано 115 изложби ширум цела Македонија.

Уметничката колонија се одржува со поддршка на Општина Дебарца и ќе трае 10 дена. Таа ќе биде отворена секој ден за групни или поединечни посети.

OhridNews