Др. Јане Бакрески, доцент по Визуелни уметности на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид, кој веќе една година е визитинг професор на Универзитот КваЗулу-Натал, Јужноафриканска Република, со свои уметнички инсталации и предавање учествува на Интернационалниот симпозиум за електронска уметност (ISEA), во Дурбан, Јужноафриканска република.

Инсталациите со наслов „Аугментативна апстракција“ и „Голем човек“ своите почетоци ги бележат уште во 2016 година. Првата изложба на „Аугментативна апстракција“ се одржа на Фестивалот „Охридско лето“ во просториите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, поддржана од менаџментот и од двете институции, предизвикувајќи со својата иновативност интерес кај пошироката уметничка јавност.

И двете инсталации се зафаќаат со предизвикот на односот помеѓу уметноста и технологијата, кој доаѓа како природен резултат на интерестот и работата на Бакрески, не само до традиционалниот, туку и со дигиталниот медиум. Тие визуелно го толкуваат проблемот на односот на човекот со себеси, со светот, техниката, уметноста, допирајќи актуелни прашања и нудејќи еден естетски одговор. Бакрески и понатаму ќе продолжи да ја интегрира технологијата во уметноста како во својата уметничка, така и во својата образовна дејност.

Универзитеот КваЗулу-Натал, каде во моментов работи Бакрески, е меѓу најдобрите петстотини во светот спред Шангајската листа.

OhridNews