– Јагулата не може да биде уништена, ја потопивме во езерото, беше оштетена, сега ја саниравме штетата и ја освежив со боја. Упатувам апел до несовесните граѓани да престанат со уништување не само на ова уметничко дело, туку и на останатите предмети низ градот, рече Цингулоски.
Тој потенцира дека јагулата долга 172 метри и понатаму останува најдолга скулптура во светот и покрај тоа што не е влезена во Гинисовата книга на рекорди. Според Цингулоски, иако било кажано дека причина е тоа што делото не е изработено од едно парче дрво, вистинската причина е тоа што не било платено за учество.
Познатиот охридски уметник во моментов работи на нов проект- подводна изложба на скулптури изработени од дрво, која би била поставена во Австралија или Црна Гора. Цингулоски објаснува дека за новиот проект се одлучил да побара подршка од странски земји, затоа што е разочаран од односот на надлежните во Македонија. И покрај неговите бројни изработени дела, и понатаму не е решен неговиот статус како уметник, ниту пак е дел од здруженијата на уметници.
– Не знам што повеќе треба да направам. Министерството за култура не го решава мојот статус, не ме примаат како член, како да не постојам, вели Цингулоски.
Тој искажа благодарност до локалната самоуправа што веднаш реагирала по оштетувањето на скулптурата и што го финансирала санирањето на оштетените делови.