Според податоците на Државниот завод за статистика, природниот прираст во четвртото тримесечје од 2011 година во Охрид во споредба со истиот период од претходната година, бележи негативен тренд, односно се родиле 149 деца, а починале 157 лица.

Во истиот период во општина Дебрца се родиле само 12 деца, а починале 31 лице.

Затоа пак во Струга има обратен тренд. Таму во посочениот период се родиле 161 дете, а починале 120 лица.

Генерално ројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2011 година во Македонија, е намален за 4.7% и изнесува 5.492 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2011 година бележи зголемување од 0.8% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 4 937 лица, а од нив 30 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 555 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица, соопшти Државниот завод за статистика.

OhridNews