УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува и поддржува иницијативата на градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачевски, кој по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, формира Локален совет на млади. Како што потенцираат од УМС, тело кое со својата работа ќе земе активно учество во подобрување на статусот на младите луѓе во општествово и ќе биде иницијатор за формирање на локалната младинска стратегија.
-Истовремено, ова советодавно и консултативно тело на млади ќе претставува мост помеѓу општината, институциите и органите на системот во државата и сите млади луѓе во градот Охрид, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од каде упатуваат честитка додавајќи дека и во иднина унијата ќе работи со младите и за младите,затоа што токму младите се двигател на секое современо, развиено и демократско општество.
OhridNews