Поранешниот тренер на Пари Сент Жермен и Севиља, Унаи Емери ќе биде нов тренер на Арсенал, откако во тесна битка го претрка поранешниот играч на „топчиите“, Микел Артета.

Артета беше фаворит, но Емери ја доби довербата од управниот одбор на лондонскиот клуб само поради искуството како тренер, нешто што го нема моменталниот асистент на Пеп Гвардиола.

46-годишниот стратег може веднаш да го преземе кормилото на англискиот премиерлигаш, бидејќи е слободен агент после истекувањето на важечкиот договор со „светците“.

Емери како тренер најголем успех забележа со Севиља, а во ПСЖ не успеа да ја покори Европа и покрај многуте пари потрошени за трансфери.

OhridNews