Екипата на Севиља со победата над Ливерпул во финалето (3-1) го освои третиот трофеј последователно во Лигата на Европа и обезбеди место во историјата. 


Никој клуб до сега во Лигата на Европа поранешно Куп на УЕФА натпреварување не успеал три пати во низа да го крене победничкиот пехар.

– Неможам да ви го опишам задоволството, а исто така и гордоста поради играчите. Екипата успеа да го сврте резултатот против екипа која делуваше моќно цела сезона. Момците покажаа карактер, сила и голема желба. Оставете ги рекордите на страна, но три пати по ред било кое натпреварување освојуваат само победници, големи победници. – радосно во еуфорија изјави стратегот на Севиља, Унаи Емери.

Трофејот од Лигата на Европа на андилузијците им обезбеди пласман во најеминетното клупско натпреварување Лигата на Шампиони.

OhridNews