Шпанскиот стратег Унаи Емери и официјално го презеде кормилото на Арсенал. 46-годишниот фудбалски стручњак со лондонскиот премиерлигаш потпиша двегодишен договор.

Емери во првото обраќање на медиумите како менаџер на „топчиите“ го искористи да му се заблагодари на Арсен Венгер за постигнатото и за успесите во Арсенал.

– Воодушевен сум што ќе имам можност да работам во еден од најголемите клубови во англискиот фудбал. Арсенал е познат и сакан во светот поради убавиот и атрактивниот фудбал. Тој стил ќе го продолжам и јас и ќе се трудам да донесам резултати, какви што имаше Венгер. Многу сум возбуден и сакам што побргу да се сретнам со играчите и да почниме планови за сезоната која доаѓа. – изјави Емери.

Одлуката на спортскиот директор Иван Газидис за почнување на ерата на Арсенал после Венгер со Емери паднала после состанокот кој го имале. Шпанецот го импресионирал Газидис и бордот на директори кои биле дел од состанкот.

– Тој првично изгледаше смирено и знаеше што зборуваше. До најситен детал го имаше анализирано тимот на Арсенал пред да се сретнеме. Имаше направено план како ќе напредуваме и вратиме во самиот врв. Првиот впечаток беше многу јак и тоа пресуди на крајот. – изјави Газидис.

Емери во тесна битка за клупата на Арсенал беше со поранешниот играч Микел Артета кој отпадна веројатно поради немањето искуство во менаџерските води. Артета, во 2016 се повлече од фудбалот и премина во штабот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

OhridNews