Градоначалникот Кирил Пецаков денес оствари средба со амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери. Соговорниците, како што информираат од Општина Охрид, на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.
Се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам, култура. Градоначалникот го запозна aмбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во иднина, велат во соопштението.
Посочуваат дека амбасадорот Палминтери упатил покана до градоначалникот за претстојната „Италијанска вечер“ која ќе се одржи во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
OhridNews