Националната комисија за УНЕСКО при Министерството за култура на Република Македонија преку соопштение информира дека Генералниот директор на УНЕСКО, г-ѓа Ирина Бокова упатува повик до државите членки да поднесат предлог проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2014-2015 година, кои треба да бидат во согласност со приоритетите на Регуларната програма на организацијата.

Секоја држава–членка по приоритетен ред, со посредство на Националната комисија за УНЕСКО може да поднесе, најмногу 7 предлог-проекти и 1 регионален проект. Националните проекти ќе се финансираат до 26.000 американски долари, интеррегионалните проекти со по 35.000 американски долари, а регионалните со по 46.000 американски долари.

Со цел да се обезбеди потребните поддршка од другите држави за меѓународните проекти и навреме да се достават до УНЕСКО, предлог-проектите од областа на културата на англиски или француски јазик и на македонски јазик, потребно е да се достават до Министерството за култура најдоцна до 11-ти  јули 2014 година, од каде најдоцна до 31-ви август 2014 година ќе треба да се достават до УНЕСКО.

OhridNews