
Секоја држава–членка по приоритетен ред, со посредство на Националната комисија за УНЕСКО може да поднесе, најмногу 7 предлог-проекти и 1 регионален проект. Националните проекти ќе се финансираат до 26.000 американски долари, интеррегионалните проекти со по 35.000 американски долари, а регионалните со по 46.000 американски долари.
Со цел да се обезбеди потребните поддршка од другите држави за меѓународните проекти и навреме да се достават до УНЕСКО, предлог-проектите од областа на културата на англиски или француски јазик и на македонски јазик, потребно е да се достават до Министерството за култура најдоцна до 11-ти јули 2014 година, од каде најдоцна до 31-ви август 2014 година ќе треба да се достават до УНЕСКО.
OhridNews











