Нашата посета е рутинска за да ја провериме состојбата на објектите врз кои се врши конзервацијата, а се дел од културното наследство на сите компоненти и за тоа да го известиме комитетот на УНЕСКО, изјави Ана Сидоренко, претставник на УНЕСКО по денешната посета на Завод и музеј Охрид.
– Остваривме средба со цел да го видиме прогресот и напорите на локалните и националните власти во заштитата на културното наследство и спроведувањето на забелешките од УНЕСКО од минатата година на 40-та седница одржана во Истанбул. Ние сега само вршиме надзор, подоцна ќе имаме состаноци и тогаш ќе ги презентираме нашите препораки. Во овој момент не можеме да кажеме, рече Сидоренко.
Таа потенцира дека целта на посетата на Охрид е да се изврши увид не само на најавените проекти поврзани со националниот парк Галичица, туку и да се изврши мониторинг на целото културно и природно наследство и како тоа се заштитува, како и сите активности кои се преземаат.
– Ги разгледавме сите проекти за НП Галичица. Комплексните проекти беа на увид кај стручни експерти дел од комитетот Иконос, затоа што се работи за многу комплексно подрачје, богато со културни и природни вредности, изјави претставничката од УНЕСКО.
Таа во изјавата за медиумите рече дека никогаш не дошло во прашање Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО.
OhridNews














