На денешната средба со градоначалникот Никола Бакрачески, што се одржа пред отворањето на изложбата на дела од уметници Роми од Унгарија, амбасадорот на Унгарија Јозеф Бенце, најави дека при крај се подготовките за отворање на конзулат на Унгарија во Охрид. Градоначалникот Бакрачески изрази благодарност и поддршка на оваа иницијатива и рече дека Охрид станува и конзулски град.
На средбата беше оценето дека се продлабочуваат пријателските односи со градот Веспрем, со кого е потпишан меморандум за соработка и се договараат нови заеднички иницијативи.Заеднички беше констатирано дека за кратко време ќе почнат разговори за воведување на чартер летови, како услов за развој на туризмот, а како добар пример за нови форми на соработка беше потенцирана соработката меѓу ЈП „Водовод“ од Охрид и градскиот водовот од Будимпешта.
OhridNews













