Селекцијата на Унгарија направи крупен чекор кон обезбедување пласман на Европското првенство во Франција победувајќи ја Норвешка (1-0) во Осло во првиот дуел од двомечот во баражот.

Победничкиот погодок за унгарците го постигна Ласло Клајнхејшлер во првиот дел за кого мечот со Норвешка беше дебитански во сениорскиот состав.


Во вториот дел унгарската дефанзива оддолеа на нападите од домаќините кои беа жестоки особено во последните мигови.

Реваншот од овој бараж натпревар се игра за четири дена во недела, а домаќин ќе биде селекцијата на Унгарија.

Мх.П.