Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, на 26 и 27 септември ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.

Во петок ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери.
Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.
OhridNews











