Со исклучителен концерт на уметниците од Словенија, Томи Пуриќ & Balkan Jazz Group, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“, заврши третото издание на „Охрид џез фестивал“.

Многубројната публика уживаше во уникaтни џез изведби на класични и комерцијални музички композиции.

Посебен белег на финалниот концерт оставија гостите, Ѓоко Алоски на труба и Наум Џуклески на хармоника.

Фестивалот „Охрид џез фестивал“ се одржува под покровителство на Општина Охрид.

OhridNews