Љубителите на италијанскиот гастрономски шмек, „џелато“ и добро кафе, од сега ќе може да уживаат во новиот амбиент на охридскиот угостителски бренд „Ночелино“ во трговскиот центар „Охрид Мол“, што се отвори вчера.

Во ланџ бар и џелатерија „Ночолино“ посетителите ќе можат да вкусат паста со специјални сосови, разни видови пица и сендвичи, италијанска фокача, вафли, палачинки, крофни со сладолед и кремови, како и специјални италијански мезиња за секој дел од денот. Исто така се планираат и пакети и специјални промоции.

На отворањето на „Ночолино“ присуствуваа бројни гости и пријатели, а за добра атмосфера за погрижи Ѓоко Танески со својот бенд.

Уникатните италијански специјалитети од сега во новиот ланџ бар и џелатерија на брендот „Ночолино“ во „Охрид Мол“

OhridNews