Во преубавиот амбиент на ресторан и летна бавча Канео збогатен од една страна со спокојот на Охридско Езеро, од друга страна со извонредниот спој на храната и виното, синоќа уживаа голем број гости кои имаа можност да вкусат дел од новата понуда во менито за оваа сезона.

Свежо подготвената храна и сортните вина, соодветно сервирани и послужени го дополнуваа впечатокот за ено-гастроносмкото доживување. Се служеа седум курсеви од ладни и топли предјадења, месо и „food and wine pairing“, односно храна споена со седум сорти на вина.

Ено-гастрономско патување во Охрид како и секогаш во ресторан и летна бавча Канео во кој имплементиравме локални продукти со софистициран приод на готвење, односно поинакви техники на готвење. Гостите уживаа со внимателно одбрани продукти од локалниот пазар, а за набавка на свежи продукти ни беа потребни два дена. Меѓу нив на пазарот во Охрид беа најдени и диви шпаргли кои одлично се вклопија во подготвената храна, вели Шеф Влатко Огненовски.

Потенцира дека направиле смел чекор со сопствениците на ресторан и летна бавча Канео кога многу одамна се споиле во филозофијата, визијата и креативноста.

Дојдовме до овде и продолжуваме со поголема мотивација напред. Сепак сме пионери на пазарот, но дефинитивно старите и штетни навики на готвење ги напуштивме. Гледаме дека со макотрпна работа, со многу љубов, добри набавки на свежи продукти креиравме една нова култура на нашето поднебје. Мислам дека ова е патот бидејќи Охрид нуди сериозен, елитен туризам. И ако порано на секоја маса имавме само пиво, сега гледаме дека имаме широка палета на локални вина, од кои сите странци се воодушевени, потенцира Шеф Огненовски.

Потребно е да тежнееме кон елитен туризам преку целата година вели Шеф Огненовски, а не само во текот на летото.

Нашата цел е генерално нашето знаење и љубов кон готвењето да ги ставиме на маса, да ги импресионираме како локалните гости, така и туристите, да им врежеме белег на едно убаво сеќавање. Едукацијата на пазарот е тежок процес и кога ќе излезеш со еден нов продукт треба да ги смениш навиките на луѓето. Но, ние како менталитет треба да се отвораме повеќе, да пробуваме, да учиме и едуцираме да користиме што е можно повеќе домашни продукти. Кога ќе се трансформира оваа храна во уметност, навистина станува дестинација на светско ниво, додава Шеф Огненовски.

Гостите вчера вечер имаа ексклузивна можност за првпат да го вкусат и првото органско вино „Domaine Lepovo Chardonnay“ (берба 2022) од винаријата „Тиквеш“ кое веќе од денес е во продажба.

Во соработка со ресторанот летна бавча Канео имаме спарување на храна и вино или „wine and dine“. Целта е најдобрите вина да се спарат со најдобрата храна и официјалната понуда која ја има ресторан и летна бавча Канео. Промовираме неколку нови вина од линијата „Тиквеш“ и истовремено и ресторан и летна бавча Канео го промовира дел од своето ново мени за сезоната лето 2023, вели Ангел Секулоски, регионален менаџер за продажба во винарија „Тиквеш“.

„Тиквеш“ како компанија, додава Секулоски, постојано инвестира во унапредување на квалитетот на вината и потребно е одредена храна да го прати тој квалитет на вина.

Не случајно е избран ресторан и летна бавча Канео бидејќи со години инвестира во подготовката и квалитетот на храната која ја служат. Мислам дека сме одлична комбинација. Ме радува фактот што се повеќе расте винската култура и препознавањето на кавлитетот на виното. Со организрање на ваков тип на настани ја подигнуваме на уште повисоко ниво винската култура и се надеваме дека и во иднина ваквите настани ќе создадат еден домино ефект и ќе ги охрабрат другите угостители да излезат од еден класичен модел, од рамките на тоа што се нуди сега. Генерално како регион имаме потенцијал да понудиме нешто квалитетно, истакнува Секулоски.

Едукацијата на луѓето кои работат со вина е многу важна, вели Секулоски, потенцирајќи дека токму персоналот кој послужува е тој кој всушност продава.

Доколку сакате да вкусите прекрасна гастрономска приказна збогатена со вкусот на сортни и внимателно избрани вина посетете го ресторан и летна бавча Канео каде ќе ве пречекаат и угостат врвни професионалци. Ваше е само да се препуштите на уживањето.

Фото галерија:

Уникатно ено-гастрономско уживање во ресторан и летна бавча Канео

Наташа Смоковска Јованова
Фото: Бобан Стојаноски