Вкупно 1440 рибарски мрежи  запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер.

– Должината на овие мрежи е 70 километри, што е двојно повеќе од државната граница со Албанија на Охридското Езеро, а запленета е и друга опрема за криволов како блинкери и стави за јагули, како и 350 килограми риба, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која денеска ја посети Езерската полиција во Охрид.


Во рамки на активностите за спречување на незаконскиот риболов поднесени се кривични пријави против 8 лица, а запленети се и 4  пловни објекти кои биле користени за рибократство.


Министерката за внатрешни работи најави дека во текот на главната туристичка сезона која е на прагот ќе бидат засилени контролите на Охридското Езеро и државната граница со цел да се намали рибокрадството и да се казнат сторителите на ова кривично дело.

OhridNews